Амоксицилинот е полусинтетички пеницилин со широк спектар на дејство против Грам-позитивни и Грам-негативни бактерии. Делува преку инхибиција на развојот на пептидогликанската структура на бактерискиот клеточен ѕид. Добро се апсорбира по орална администрација и се излачува главно непроменет преку бубрезите.