Бесплатна достава на порачки над 2000 МКД!

Мени

CALMASOL-440 550ml

Состав

Содржи во 1 ml:

Калциум глуконат за инјектирање 380 mg
Магнезиум хлорид хексахидрат 60 mg
Борна киселина 50 mg

Опис

Calmasol-440 е добро балансиран раствор за третман на хипокалцемија кај говеда, телиња, овци и свињи. Хипокалцемијата често се јавува кај овие животни и неретко е проследена со метаболички нарушувања. Значајна предност на калциум глуконатот е неговата одлична ткивна подносливост. Растворливоста на калциум глуконатот се зголемува со додавање на борна киселина, со што потребната количина на калциум може да се аплицира во релативно мал волумен. Додавањето на магнезиум го штити срцето на животното од кардиотоксичните ефекти на калциумот при интравенска апликација.

Calmasol-440 е исто така погоден како дополнителна терапија при третман на алергии, уртикарија, хеморагична дијатеза и слаби контракции на матката кај говеда, телиња, овци и свињи.

ВМП што се употребува само во ветеринарно друштво од страна на ветеринарен доктор.